Search

Џеф Безос подари 100 милиони долари за храна

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи граѓани во САД.

Безос објави дека донацијата е на сметка на непрофитната организација „Feeding America”, со цел да се помогне на здруженијата кои се грижат за гладните.

– Состојбата со храната е проблем во САД дури и во „обични” времиња, а КОВИД-19 само повеќе го усложнува сѐ тоа, вели Безос.

Во овој миг, многу од тие здруженија за прехрана, со непрофитна цел, очекуваат донации во облик на храна, од страна на рестораните за брза храна. А пак, сега многу од нив се затворени.

– Така вирусот ги влоши работите, зашто дарувањето (храна) е намалено, а побарувачката расте, појасни милијардерот.

Треба да знаете
Последни објави