Search

Џерард го носи и Луис Суарез во Астон Вила

Стивен Џерард, менаџерот на Астон Вила, ќе се обиде да го доведе одличниот напаѓач на Атлетико Мадрид и негов поранешен соиграч од Ливерпул, Луис Суарез, во Бирмингем. Тоа би бил фантастичен потег и спектакуларно враќање на Уругваецот во Премиер – лигата.

Луис Суарез веќе одбил три понуди од Бразил и една од Саудиска Арабија, како и да стави потпис на нов договор со Атлетико Мадрид.

Џерард и Суарез играа заедно од јануари 2011 година до летото 2014 година, кога Уругваецот се пресели во Барселона.

Тој во Астон Вила го доведе и Кутињо на позајмица до крајот на сезоната, а клубот од Бирмингем има право да го откупи за 40 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави