Search

Џенова на Пандев доби нови сопственици

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Џенова каде искуниот довчерашен македонски репрезентативе капитен Горан Пандев (38 г.) ја игра својата последна сезона во својата играчка кариера има нови сопственици. Претседателот на Џенова, Енрико Прециози потпиша договор со кој целиот пакет на акции за 150 милиони евра го продаде на американскиот инвестициски фонд „777 Partners“. Прециози ја превзеде Џенова во 2003 година, кога го спаси клубот од банкрот и го направи стабилен прволигаш.

-По долги преговори ја продавам Џенова на американскиот инвеистициски фонд. Тие ќе го предводат најстариот италијански клуб, потврди Прециози.

Треба да знаете
Последни објави