Search

Џенифер не е единствената со која Бред нежно се поздрави, тој беше внимателен и кон друга поранешна

Поранешната брачна двојка Џенифер Анистон (50) и Бред Пит (56) деновиве се тема во сите светски медиуми поради нивното интимно однесување на 26. доделување на САГ-наградите во Лос Анџелес.

Тие се сретнаа јавно, очи во очи, притоа разменија нежни погледи и прегратки, а кога Џен се сврте, Бред внимателно ја фати за раката… и сликата веднаш го обиколи светот.

Но, Џенифер не е единствената убавица што Бред ја прегрна таа ноќ.

Тој беше срдечен и нежен кон друга згодна русокоса, исто така актерка, а тоа беше Шарлиз Терон (44).

Во почетокот на 2019 година се зборуваше дека убавата Шарлиз и згодниот Бред се во љубовна врска кога беа видени заедно на проекцијата на филмот „Рома“. Но, тоа никогаш не го негираа, ниту го потврдија.

Треба да знаете
Последни објави