Search

Џенифер Лоренс се сврши по само осум месеци врска

Оскаровката Џенифер Лоренс (28) се сврши за Кук Марони (34), потврди нејзиниот портпарол, според магазинот „Пипл“. Тие се во врска околу осум месеци, а се запознаа преку најдобрата пријателка на Џенифер, Лаура Симпсон.

Кук ја побарал за сопруга Џенифер во вторникот вечерта во ресторан во Њујорк, по што двојката излезе со насмевка, а актерката имаше огромен прстен на раката.

„Се чинеше дека нешто прославуваат и луѓето во ресторанот зборуваа за тоа. Прстенот е многу забележлив. Тие седеа во аголот, а таа носеше убав црн фустан со точки“,  кажа човекот што седел во близина на двојката.

Марони работи во галеријата „Гладстон“ во Њујорк, во која се среќаваат многу познати уметници како Карол Дунхам (69), Ричард Принс (69), Аниш Капур (64) и Метју Барни (51). Пред оваа галерија, работел во музејот „Гагосијан“.

Џенифер и Кук почнаа да излегуваат само неколку месеци откако актерката раскина со режисерот Дарен Аронофски (49), кој го режираше филмот „Мајка!” во кој таа ја имаше главната улога. Причината за нивното прекинување беше работата бидејќи двајцата зборуваа само за тоа.

 

 

Треба да знаете
Последни објави