Search

Џенифер Лопез со свршеникот и близнаците на прошетка во Њујорк

Тие беа критикувани на социјалните мрежи затоа што патувале со приватен авион во Њујорк за да го прослават Денот на благодарноста откако CDC (Центри за контрола на болести) упати апел до Американците да не патуваат за празникот во услови на наплив на случаи на Ковид-19.

Центрите за контрола и превенција на болести ги соопштија препораките една недела пред Денот на благодарноста, кој во САД се прославува последниот четврток од ноември.

Во вторникот вечерта, Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез беа забележани како излегуваат на прошетка во Големото јаболко со 12-годишните близнаци на Џеј Ло, Макс и Еми.

Четворицата беа топло облечени наспроти студот и носеа маски за лице додека одеа до возилото што ги чекаше.

Треба да знаете
Последни објави