Search

Џенифер Лопез со нова боја на косата

Џенифер Лопез очигледно е кралица во многу различни области во нејзиниот живот. Таа е мајстор за танцување, иконска пејачка и актерка, а изгледот го менува на секој настан на црвен тепих на кој оди.

Но, настрана сето тоа, „Џени од блокот“ постојано убива со нејзината убавина, особено кога станува збор за нејзината коса, пишуваат таблоидите.

„Неделава на Инстаграм, Џеј Ло ја покажа својата нова фризура пред доаѓањето на зимата, и фановите беа пријатно узненадени од нејзиниот нов изглед со светли прамнови. За нејзиниот нов имиџ се погрижи Крис Аплетон, познататиот стилист на славни личности и фаворит на Кардашијан.

Треба да знаете
Последни објави