Search

Џенифер Лопез објави фотографија со модринка на окото

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез објави фотографија на социјалните мрежи на која има покриена модринка на окото. Лопез под фотографијата напиша: „гламурозен живот“.

Американските медиуми пишуваат дека не им се познати причините за повредата, но голем број од фановите се загрижени дали пејачката во ваква состојба ќе биде во можност да ја продолжи планираната турнеја.

Лопез треба да ја одржи својата четврта турнеја It’s mu party tour, што ја организирала како своевидна прослава за својот 50. роденден. Во рамките на турнејата ќе се одржат 36 концерти, и тоа на четири континенти.

Лопез ќе пее во Северна Америка, Европа, Азија и во Африка. Пејачката јубилејните 50 години ќе ги наполни на 24 јуни, но за многумина таа сè уште изгледа дваесет години помлада.

Лопез на прашањето како го одржува својот младешки изглед одговорила дека редовно зема кофеин, не пие алкохол и се обидува да има долготраен и квалитетен сон.

Треба да знаете
Последни објави