Search

Џенифер Лопез за мајчинството: „Пандемијата ме натера да се разбудам!“

Помина една година откако почна пандемијата, а дека има светло на крајот од тунелот, мисли и Џенифер Лопез, пејачка, претприемач, актерка и мајка на 12-годишните близнаци Еме и Макс.

Таа за веб-страницата „Parents.com“ вели дека ѝ е мило што научила вредни лекции за родителството и за самата себе во текот на пандемијата.

– Мислам дека е важно што сите одиме напред полека, но сигурно – вели Лопез.

Таа се радува на толку многу аспекти на животот по физичкото дистанцирање.

– Едвај чекам повеќе да излегуваме во ресторани и да не мора да ги носиме маските, а и повеќе да се гушкаме – вели таа.

Што ја научи пандемијата?

Како и повеќето родители, и оваа суперѕвезда чувствува како пандемијата да ја префрла перспективата кон семејниот живот.

– Работиш напорно, правиш сѐ за твоето семејство и се случува карантинот. Дома си и сфаќаш за сите моменти што си ги пропуштал – вели таа.

Таа обожава да вечера со нејзините деца.

– Тоа е вистински благослов. Растат навистина брзо – вели Џенифер.

Искуството ја доведе до она што го нарекува „отворање на очите“ и ја научи малку да забави.

– Да, морам да работам, но морам и да воспоставам поголема рамнотежа. Не може да работам цело време и да имам само неколку „украдени“ моменти со децата. Ова е местото каде што ја имам мојата најголема среќа, каде што ми е најзабавно и секогаш го знаев тоа. Но, бевме како ‘рчко на тркало. И одеднаш, како да застана универзумот и да ми рече: „Надвор од тркалото!“ Запомнете што е најважно. Долго време бев фокусирана само на работата, како и многу луѓе – вели Џенифер.

Лекции што Џенифер ги научила од своите деца

Среде темната, предизвикувачка година, Лопез е благодарна што можела да научи многу работи од нејзините деца.

– Моите деца ме инспирираат секој ден. Тие ме учат на толку многу работи и постојано ме предизвикуваат. Постојано ме тераат да размислувам за животот, за тоа кои правилни одлуки треба да ги донесам, затоа што мора да донесам одлуки за нив. Тие ме учат не само како да сакам повеќе, туку и на трпеливост и разбирање.

Преземено од Деца

Треба да знаете
Последни објави