Search

Џенифер Анистон сè уште го носи свршеничкиот прстен што го доби од Бред Пит во 1999 година

Поранешните сопружници Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (56) предизвикаа озборување дека се смириле на доделувањето на наградите САГ во Лос Анџелес. Тогаш тој ја фати за раката и не ја пушти иако таа се движеше. Тој момент се рашири на социјалните мрежи со неверојатна брзина и фановите на двојката уште еднаш посакаа да има нешто повеќе меѓу нив.

Неколку месеци подоцна странските медиуми пишуваат дека Џенифер тогаш на црвениот килим го носела свршеничкиот прстен што Бред ѝ го дал во 1999 година.

Тој го купил прстенот за половина милион долари и го дизајнирал во соработка со Силвија Дамијани. Прстенот го правел според обетките, кои претходно ѝ ги купил, и Џен била воодушевена од него.

Повеќе од 20 години подоцна, иако одамна раскинаа, Џенифер гордо позира со тој прстен на фотографиите, како што правела и кога се венчале.

Освен на доделувањето на наградите САГ, Џен и Бред се сретнаа и на доделувањето на „Златен глобус“. Наградата за најдобар спореден актер во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ му припадна на Бред, а Џенифер од сè срце го бодреше од публиката.

Странските медиуми објавија дека таа аплаудирала и кога другите не аплаудирале, останала да стои на нозе додека повеќето седеле, а камерите успеале да го фатат начинот на кој го гледала.

Треба да знаете
Последни објави