Search

„Џенерал моторс“ отпушта 14 700 работници

Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ ќе отпушти 14 700 работници и пониски службеници во Северна Америка, а најавено е затворање на седум фабрики.

Ваквите чекори се во рамки на планот на компанијата за намалување на трошоците и фокусирање на автономните и електрични возила.

Намалувањето опфаќа отпуштање на 8 100 службеници од кои некои ќе добијат отпремнина, додека други ќе добијат отказ без отштета.Директорката Мару Бара изјавила дека „Џенерал моторс“ не предвидува економски пад и дека компанијата прави кратења додека сè уште е силна.

Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека е многу разочаран од објавата на „Џенерал моторс“ дека ќе затвори седум фабрики до крајот на годината, вклучувајќи ја и онаа во Отава.

Тој навел дека Владата ќе направи сè што е потрребно за да им помогне на семејствата на работниците кои ќе останат без работа.

Треба да знаете
Последни објави