Search

Џемаиљ Јусуфи нов управител на „ЕЛЕМ ТУРС“

Џемаиљ Јусуфи нов управител на „ЕЛЕМ ТУРС“

Дипломираниот професор по филозофија, Џемаиљ Јусуфи, е нов управител на „ЕЛЕМ турс“, соопшти друштвото. Јусуфи доаѓа од Државниот универзитет во Тетово. Со години работел како раководител за правни, административни, технички и општи прашања.

Инаку, „ЕЛЕМ турс“ е друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт, кое е основано од АД ЕЛЕМ со основна дејност да стопанисува со ски-центарот „Попова Шапка“ и хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ на Попова Шапка, ски-центарот „Копанки“ и хотелот „Молика“ на Пелистер, автокампот „Ливадишта“ во Радожда, одморалиштето „Свети Стефан Охрид“, одморалиштето „Дојран“ и Планинска куќа „Маврово“.

Треба да знаете
Последни објави