Search

Џеко го пропушта и дуелот со Интер

Рома, синоќа го загуби натпреварот во Лигата на шампионите од Реал (0:2), но успеа, на коло до крајот во фазата по групи, да се пласира во осмина-финалето. Римјаните не ги искористија шансите што ги создадоа во првиот дел, а во вториот му подарија два гола на противникот.

Во првото полувреме, најмногу кај Рома се почувствува не играњето на Един Џеко, кој заедно со Меси е најдобар стрелец во досегашниот тек од Лигата на шампионите.

Дуелот со Реал помина, а она што треба да ги загрижи навивачите на Рома е информацијата дека Џеко нема да игра ниту в недела, кога во Рим ќе гостува Интер.

„Против Интер сигурно нема да можеме да сметаме на Џеко, Стефан Ел Шарави, Даниеле Де Роси и веројатно на Лоренцо Пелегрини. За жал Џеко се повреди пред крајот на последниот тренинг пред натпреварот со Реал“, рекол тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо.

Џеко има проблем со мускулот, а во наредните денови ќе биде познато колку тој ќе тсуствува од тимот.

Треба да знаете
Последни објави