Search

Џегер преку видео го најави продолжувањето на турнејата на „Ролингстоунси“

По оперативниот зафат на срцето на Мик Џегер, одложената турнеја „No Filter “ на „Ролингстоунси“ ќе продолжи и најавени се нови датуми на концертите, а Џегер објави видео на „Твитер“.

Турнејата беше одложена околу два месеци откако во април Мик Џегер (75) беше подложен на операција, наводно, на замена на срцев залисток.

Џегер на „Твитер“ објави видео на кое се гледа дека вежба за настапот на турнејата, и во првите 24 часа видеото е видено од 10 милиони луѓе, според портпаролот на „Твитер“.

Првите концерти ќе се одржат на 21 и 25 јуни во Солдиер Филд во Чикаго, а последниот концерт во северноамериканскиот дел од турнејата е планиран за 31 август во Мајами.

Треба да знаете
Последни објави