Search

Џафероски: Пожарите се подметнати, сите институции мора да преземат одговорност

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски тврди дека пожарите кои деновиве беснеат низ државава се подметнати и ги повикува граѓаните, но и институциите да бидат поодговорни и превентивно да дејстуваат за да се спречи уништувањето на шумите.

-Дирекцијата го скенираше теренот и утврдивме дека се пали сува трева, но температурите во овој период од годинава не се толку големи за да бидат причинител за пожарите, особено не во шумите каде температурите се за неколку степени пониски, изјави Џафероски за 24 Инфо.

Според него, пожарите се подметнати, дел ненамерно со палење на стрништата па искрите пренесени од ветрот го шират огнот, но дел намерно се подметнуваат од дрвокрадци кои така обезбедуваат огревно дрво. Затоа апелира до граѓаните да бидат внимателни.

-Се уништуваат шума кои растеле 50 години, а ќе треба уште 50- 60 години да поминат за да се надокнадат уништените дрва.Ги повикувам сите надлежни институции, од локално до централно ниво да се ангажираат и да преземат одговорност за да се спречат пожарите бидејќи последиците ќе бидат далекусежни. Пред се мислам на ангажирање на локалните, општински тимови, противпожарните единици, шумската полиција, шумските претпријатија па и полицијата. Било со патролирање, поставување стражи оти само така може да се превенираат пожарите. Исто така, неопходно е сите предизвикувачи на пожарите, независно од кои причини го аправиле тоа, да бидат санкционирани оти само така ќе се спречи во иднина да се случуваат вакви работи, вели Џафероски.

Pozar

Тој потсетува дека противпожарната заштита е под локална власт, а Дирекција, иако има навистина големи ингеренции, во прашање е постапноста.

-Прво кога се случува пожар постапува локалната самоуправа со своите капацитети, ако не може да се справи тогаш треба да побара помош од соседните општини кои треба да се вклучат со своите капацитети. Ако ексалира целата ситуација тогаш се вклучува ДЗС. Тоа е постапноста и редот кој треба да се запази, општините имат обврска со Законот за заштита и спасување. Така да до сега секогаш го вперуваат прстот кон ДЗС без да ги отворат законите и да видат кои се нивните ингеренции, која е постапката при вакви случаи.Токму изградбата на безбедносен систем во кој ќе бидат вклучени сите релевантни институции а една од клучните цели на ДЗС, вели Џафероски.

Треба да знаете
Последни објави