Search

Џафери: Убавината на празничниот дух нека ви ги разубави и облагороди мислите и делата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од свое лично име и од име на пратениците, на сите православни верници кои денес го празнуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици им го честита празникот и им посакува добро здравје, мир и спокој во домот и во душата, личен и колективен економски напредок и благосостојба.

-Нека убавината на празничниот дух ви ги разубави и облагороди мислите и делата, а пораките на взаемна почит, соживот и солидарност нека течат јасно и брзо како вода на сите страни, продирајќи во сите пори на општественото живеење, влевајќи сила и верба дека заедно можеме да негуваме вистински човечки вредности и сакаме да градиме вистински демократска правна држава во која правата и слободата на граѓаните ќе бидат пред сѐ и над сѐ еднакви за сите, без оглед на етничката, верската или каква било припадност. Токму во таа разноликост е и сета убавина и богатство на мултиетничките и мултиконфесионалните општества. Да бидеме горди на тоа, да бидеме пример во светот и регионот за тоа, се вели во честитката од Џафери до православните верници. 

Треба да знаете
Последни објави