Search

Џафери: Стојаноски замина ненадејно и прерано, Охрид загуби голем заштитник

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати сочувство до семејството на ненадејно и прерано починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.

„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да изразам искрено и длабоко сочувство до вас, неговото најблиско семејство, до пријателите, соработниците во општина Охрид, колегите и студентите од Факултетот за туризам и угостителство, до сопартијците и граѓаните на град Охрид“, посочува Џафери.

Тој додава дека заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет е тажна и болна загуба.

„Замина висок професионалец во секоја сфера во која даде свој придонес, човек во полна смисла на зборот, одговорен татко и заштитник на градот, а тоа е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Охрид, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за нашето општество“, истакнува претседателот на Собранието во телеграмата.

Треба да знаете
Последни објави