Search

Џафери се пишманил: Продолжение на конститутивната седница нема да има?

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието и поранешен претседател на парламентот, Талат Џафери, сепак, се откажал од намерата за утре да закаже продолжение на седницата, како што најави во текот на денот, дознава „360 степени“.

Претходно и „Либертас“ објави од извори во СДСМ дека седница на Собранието нема да се одржи.

Не станува збор за формално откажување на продолжението, зашто Џафери претходно само го најавил утрешното заседание до собраниските служби и побарал од нив да го подготват.

Седницата ја нема ниту на собранискиот календар на официјалната веб-страница на Собранието. При изборот на утрешниот датум таму стои дека „нема закажни пленарни седници и седници на работни тела“.

Џафери попладнево прво ги задолжил собраниските служби да започнат подготовки за одржување на утрешното заседание, а подоцна во медиумите потврди дека таа ќе се одржи во 15 часот.

Треба да знаете
Последни објави