Search

Џафери нема корона, ама ќе мора да одмара

Здравствената состојба на претседателот на Собранието, Талат Џафери е стабилна, информираат од неговиот кабинет.

-Со оглед на интензивните активности што ги имаше во текот на изборната кампања, по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување- велат од кабинетот на претседателот Џафери.

Актуелниот претседател на СобраниетоТалат Џафери е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје од минатиот петок со белодробен наод, односно пневмонија.

Џафери направил неколку тестови на Ковид-19 и сите биле негативни.

Од Кабинетот засега не потврдуваат дали Џафери ќе оди во Крушево за прославата по овод Илинден како што претходно беше најавено, ниту кога ќе ја закаже конститутивната седница на новиот собраниски состав, но укажуваат дека се ќе биде направено согласно роковите од Уставот и собранискиот Деловник.

Талат Џафери минатата недела беше хоспитализиран на Инфективната клиника заради системска контрола.

Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август. Ако не биде во можност тоа да го стори, таа улога му припаѓа на најстариот пратеник во новиот собраниски состав.

Треба да знаете
Последни објави