Search

Џафери на 16. Конференција на Јадранско-јонската иницијатива

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе учествува на 16. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, која денеска и утре ќе се одржи во Будва.

Собраниската служба соопшти дека Џафери при учеството на конференцијата ќе се обрати на темата „Парламентарните тела како значаен ресурс за јакнење на соработката во приоритетните области за државите членки на Јадранско – јонската иницијатива”. Предвидено е да оствари и билатерални средби со колеги од регионот.

Треба да знаете
Последни објави