Search

Џафери: Го цениме пријателството и поддршката од Албанија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонја, Талат Џафери, по изгласувањето на Протоколот за членство на земјата во НАТО во албанскиот Парламент, со 130 гласови „за”, ниту еден против, изрази голема благодарност за подршката што Албанија и ја дава за земјата.

Спикерот Џафери рече дека Скопје е посветено на градење општество за сите, без оглед на етничката, социјалната или каква било друга припадност.

-Ние работиме напорно за да направиме реформи во сите сфери на општествениот живот и тој процес воопшто не е лесен. Нашата цел е вистинска демократска држава и владеење на правото, функционални институции кои им служат на граѓаните, затоа работиме со посветеност. Се фокусиравме максимално на затворањето на прашањата што го отежнување нашиот пат кон постигнување на стратешките цели, полноправно членство во НАТО и во ЕУ. Потпишавме договор за пријателство и добарсоседство со Република Бугарија, потпишавме финален договор за решавање на спорот околу името со Грција. Ги донесовме уставните измени, што не беше воопшто лесно и предизвикаа протести од двете страни. Победи визијата и храброста на парламентарното мнозинство. Победи визијата за безбедна иднина и победија нашите граѓани. Секогаш ни биле блиску вистинските пријатели и партнери и ние сме благодарни за тоа, изјави Џафери.

Тој рече дека се надева оти до крајот на оваа или почетокот на 2020 година, Протоколот за  полноправно членство во НАТО, потпишан од сите 29 амбасадори на земјите-членки, ќе биде ратификуван од сите национални парламенти, со Република Северна Македонија ќе стане и официјално 30-та членка.

-Со денешната ратификација Република Албанија и албанскиот народ уште еднаш го потврдија пријателскиот однос кон Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Бидете сигурни дека секогаш ќе се сеќаваме на ова и секогаш сме знаеле да ги почитуваме и ги цениме нашите вистински пријатели, истакна Џафери.

На седницата се обрати и премерот Еди Рама, кој високо ги оцени односите меѓу двете земји и ја нагласи подршката на Тирана за Скопје.

-Не можам да го сокријам задоволство што овој момент се совпаѓа со златен момент во меѓуетничките односи во земјата,во што владејачко мнозинство игра важна улога. Без Албанците не би постоела Северна Македонија, а за Албанија територијалниот идентитет на Северна Македонија не само што е неприкосновен, туку е од витално значење и за нашата сегашност и за нашата иднина, мирот и стабилноста. Нашата улога во овој историски процес беше поддршката. Мирната ситуација е првенствено заслуга на албанските политички лидери таму и премиерот визионер Зоран Заев, кого го поздравувам, рече меѓу другото Рама.

Сепак, седнцата ја засени инцидентот, кога пратеникот од пратеничката група на опозициската Демократска партија Еди Палока, воедно и потпретседател на партјата, истури боја врз премиерот Еди Рама, по што беше отстранет од собраниската сала.

Инцидентот следуваше откако премиерот Рама му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата” отколку за Протоколот за членство во НАТО, велејќи му „дете, не знае што прави и што зборува” дека не е момент ни поради трагедијата во Македонија, ни поради знаењето на точката на дневен ред. Рама му се извини и на Талат Џафери кој присуствува на седницата.

Треба да знаете
Последни објави