Search

Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

– Претседателот на Собранието Талат Џафери  вечерва го потпишал  решението за распишување на изборите, кои беа договорени да се одржат на 12  април годинава.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори Собранието на Република Северна Македонија попладнево се распушти, а потоа Џафери почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април го потпишал решението.

Државната изборна комисија го очекува официјалниот документ од претседателот на Собранието Талат Џафери, по што во 20 часот и 30 минути ќе одржи седница со повеќе  точки на дневниот ред поврзани главно  со предвремените парламентарни избори на 12 април.

Треба да знаете
Последни објави