Search

Џафери и собраниска делегација во посета на Кина

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери од денеска до 20 јуни е во официјална посета на Народна Република Кина, по покана на претседателот на Кинеската народна политичка консултативна конференција, Ванг Јанг.

Претседателот Џафери како што соопштуваат од неговиот кабинет, е во придружба на Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, претседателкта на пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и со генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова.

Според агендата, предвидено е Џафери и делегацијата да остварат средби со домаќинот, претседателот на Кинеската Народна политичка консултативна конференција, Ванг Јанг, со неговиот заменик, Џанг Чингли, потоа со претседателот на Секинеското Народно Собрание, Ли Џангшу, како и со претставници од извршната власт и претставници на локалната власт во Шангај.

Треба да знаете
Последни објави