Search

Џафери во официјална посета на Словенија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре до 12 февруари 2019 година ќе биде во официјална посета на Република Словенија.

Во состав на Делегацијата предводена од Џафери, ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка Фросина Ташевска – Ременски, претседателот на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија Нада Ципушева и Шпреса Хадри, член на Групата за соработка.

Во рамки на официјалната посета Џафери ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.

Џафери ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.

Во програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Треба да знаете
Последни објави