Search

Џастин Бибер ќе паузира од музиката

Џастин Бибер најави дека ќе направи пауза и ќе се одмора од музиката за да се посвети на решавање на своите ментални проблеми.

Тој призна дека обожавателите оправдано го критикувале, бидејќи за време на неговата трета светска турнеја во 2016 и 2017 година бил постојано несреќен така што за време на настапот не успеал да им ја даде „потребната енергија”.

„Се обидував да дознам што ме мачи, како и повеќето од вас. Сега одлучив да се фокусирам на решавање на некои длабоки психолошки проблеми кои ме мачат за да не се распаднам, со цел да го зачувам својот брак и да станам татко каков што сакам да бидам”, напиша Бибер на „Инстаграм“.

https://www.instagram.com/p/BvcVgLZnaOm/?utm_source=ig_embed

Тој додаде дека тоа не значи дека се откажува од музиката: „Ќе се вратам со албум со кој ќе ‘растурам’”.

Во ноември минатата година, пејачот се ожени со американската моделка Хајли Болдвин.

Треба да знаете
Последни објави