Search

Џастин Бибер сподели фотографија на сопругата Хејли во шорцеви

Никогаш не му претставува проблем да ја покаже сопругата на своите 127 милиони следбеници на Инстаграм.

Тинејџерскиот идол Џастин Бибер на Инстаграм сподели лежерна фотографија на која сопругата, манекенката Хејли Болдвин Бибер, е сликана во еднобојна комбинација кратки црни панталони и црн блејзер.

Русокосата убавица изгледот го дополни со тиркизни сандали, и мала чанта преку рамото.

„Го сакам овој изглед бејб“, напиша Џастин на фотографијата.

Поп ѕвездата во последниве неколку недели го промовира го својот нов студиски албум Changes („Промени“), прв по пауза од пет години. Албумот излезе на Денот на вљубените.

Таблоидите коментираат дека секоја песна од албумот е за неговата сопруга.

Без многу претерување, г-ѓа Бибер неделава во објава на Инстаграм го пофали последното достигнување на својот сопруг.

„Не би можела да бидам посреќна што луѓето конечно можат да го слушнат овој албум .. не би можела да бидам погорда на тебе, повљубена во тебе. Честитки за неверојатниот и прекрасен бејби албум. # CHANGES “ напиша таа на својата објава на Инстаграм

Треба да знаете
Последни објави