Search

Џастин Бибер го сруши 59-годишниот рекорд на Елвис Присли со седум албуми бр.1 за 10 години

Тешко е да се поверува дека тинејџерскиот идол Џастин Бибер веќе има 26 години. Поминаа 10 години од објавувањето на неговиот прв албум, My World 2.0 („Мојот свет 2.0“).

И исто како и албумот што го издаде кога имаше 16 години,  најновиот, Changes („Промени“) е повторно победник. Објавен на 14 февруари, Changes дебитира на врвот на топ-листата „Билборд“.

Бибер моментално е најмлад самостоен изведувач со седум албуми бр. 1 на возраст од 25. Тој го сруши претходниот рекорд кој Елвис Присли го постави пред 59 години.

Присли исто така имаше седум албуми број 1, но на возраст 26 години.

Во интервју за Зејн Лоу од Apple Music, Бибер открива што го инспирало за новиот албум.

И не е за изненадување, инспирација била неговата сопруга Хејли Болдвин со која се ожени во ноември 2018 година.

„Мислам дека таа е дефинитивно причината, нема да има приказна без неа. Таа ги поврзува сите нешта. Таа ми дава суштина за разговор, таа е личноста која учам да ја сакам безусловно, со која сакам да започнам семејство“, рече канадскиот пејач.

Треба да знаете
Последни објави