Search

Џамела Џамил ги критикува Безос и Бренсон за трошење пари за вселенско патување

Актерката Џамела Џамил ги нападна милијардерите Џеф Безос и сер Ричард Бренсон дека трошеле пари за патување во вселената.

Ѕвездата на She-Hulk се огласи на Твитер за да ги исмева неодамнешните експедиции на двајцата бизнисмени во вселената, инсистирајќи на тоа дека подобро би било да го искористат своето огромно богатство за да помогнат во решавање на некои проблеми на Земјата, како што се бездомништво и глобална здравствена заштита, па дури и да се ослободи Бритни Спирс од конзерваторскиот надзор.

Таа на Твитер напиша: „Луѓе! Луѓе? Кој милијардер требаше да биде прв во вселената?! Кој милијардер го спаси здравството? Кој милијардер сместил најмногу бездомници? Кој милијардер ја ослободи Бритни?”.

35-годишната Џамеела претпоставува дека нејзините објави на социјалните мрежи во кои ги критикува Безос (57) и Бренсон (71), кои добија многу пофалби за нивните напори да создадат комерцијални летови до вселената, ќе предизвикаат бран на онлајн-омраза кон неа.

Треба да знаете
Последни објави