Search

Џад Ло најверојатно ќе биде капетан Кука во „Питер Пан и Венди“

Џад Ло, актерот со две номинации за „Оскар“, наводно е во преговори за да го глуми лошиот капетан Кука во Дизниевата акција во живо „Питер Пан и Венди“, наменет за киносали а не за стриминг-платформата „Дизни плус“.

Според „Варајати“, 47-годишниот Англичанец би бил последен во долгата низа актери кои го глумеа злобниот пират во адаптација на романот на M.М. Бари од 1911 година.

Негативецот Кука претходно го портретираа Кристофер Вокен, Дастин Хофман, Џејсон Исакс, Рис Ифанс, Колин О’Донахју, Герет Хедланд и Стенли Тучи.

Треба да знаете
Последни објави