Search

Џад Ло: Научници предупредија дека не е прашање дали, туку кога ќе почне пандемија

Филмот „Зараза“ (Contagion) од 2011 година сега изгледа морничаво кога станува збор за прикажување на модерна пандемија, со оглед на неговите паралели со сегашната пандемија на КОВИД-19.

А sвездата на филмот, Џад Ло, се осврна на сличностите во интервјуто за GQ овој четврток.

„Постоеше апсолутно чувство дека ова ќе се случи“, рече 47-годишниот актер кога разговараше за неговите најиконични улоги.

Тој рече дека научниците го предупредиле за време на снимањето на акција-трилерот „Зараза“ во 2011 година дека вистинската пандемија e неизбежна, и дека е прашањето не било дали, туку кога почне.

„Тие предупредија дека вистинската пандемија e неизбежна,“ рече Ло, цитирајќи еден од нив: „Не е прашање дали, туку кога ќе се случи.“

Ло појасни дека неколку научници биле повикани во текот на снимањето на филмот за да соработуваат со сценаристот Скот Барнс и режисерот Стивен Содерберг. „Тие беа многу искусни индивидуи кои знаеја што да очекуваат.“

Треба да знаете
Последни објави