Search

Џавид: Нема да се кандидирам на следните избори во Велика Британија

„Нема да се кандидирам за реизбор на следните избори во Велика Британија”, напиша денеска на Твитер поранешниот британски министер за финансии и кандидат за претседател на Конзервативната партија, Саџид Џавид, пренесоа британските медиуми.

Следните избори во Велика Британија се планирани за 2024 година.

Џавид, поранешен банкар и голем застапник на либерализирање на пазарот, имаше неколку позиции во британската Влада и е ценет функционер меѓу членовите на Конзервативната партија.

Џавид е припадник на втората генерација пакистански имигранти, а на референдумот гласаше за останување на Велика Британија во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави