Search

Ќучук: ЕУ даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија

Европската унија конечно успеа да одговори на очекувањата на земјите од Западниот Балкан и на нивните граѓани, кои долго чекаат да започнат преговори за членство, оцени бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук по одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да донесе политичка одлука за почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија.

– Таквата одлкука сега е уште позначајна, не затоа што ги покри разочарувањата од одлуката на Самитот во октомври, туку затоа што Европа и светот се наоѓаат во состојба без преседан. Зеленото светло за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, покажа дека Европа може да носи одлуки и во кризни моменти, изјави Ќучук.

Тој нагалси дека во услови на пандемија на коронавирусот ЕУ не смее да ги заборави земјите од Западен Балкан, па затоа со група европартеници побарале од Европската комисија да предложи ефикасни мерки за помош на државите од регионот за борба против Ковид-19.

– Само така ќе бидеме способни да ја совладаме оваа пандемија, додаде Ќучук.

Веста на Твитер ја објави и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

-Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји, напиша на Твитер .

Треба да знаете
Последни објави