Search

„Ќе субвенционираме приватни компании кои ќе вработуваат Албанци или граѓани од други помали етнички заедници“, најави Груби

Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.

„Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од Владата“, потенцираше првиот вицепремиер во првото издание од новата сезона на „Click Plus“ на ТВ21.

Инаку вечерва во емисијата се разговараше и за родовата еднаквост, за која пак Груби рече дека е направена грешка бидејќи ниту една жена од ДУИ не е дел од новата Влада.

Извор: TV21

Треба да знаете
Последни објави