Search

Ќе се формира солидарен Ковид 19 фонд

Владата донесе одлука да се формира солидарен Ковид 19 фонд, како посебна наменска сметка за примање донации од правни и физички лица кои ќе донираат средства, а ќе се користат за помош при справување со коронавирусот.

Одлуката за формирање на фондот е дел од новиот втор сет економски мерки за помош поради кризата со коронавирусот што ги објави денеска премиерот Оливер Спасовски со владиноот економски тим.

Спасовски  повика во фондот да донираат сите правни и физички лица на кои оваа држава им овозможила да создаваат профит.

– Сега е моментот да се солидаризираме, порача премиерот Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави