Search

Ќе се уредува речното корито на Лепенец

Можностите за  реализација на проектот за „Регулација и уредување на речното корито на река Лепенец” од граница на ГУП на Град Скопје до границата со Косово беа главна тема на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Градоначалникот Наумовски на средбата го известил министерот Нуредини дека Владата на Република Северна Македонија формираше работна група која направила оценка на применливоста на проектната документација, динамички план, опции за изводливост и финансирање на проектот со препораки и согласно анализите доставила Извештај за реализација на проектот.

– Заеднички беше ставот дека имајќи ја предвид итноста на проектот, потребно е да се разгледаат најсоодветни извори на финансирање и тоа преку националниот буџет, буџетите на општините и средствата планирани за реализација на регионални проекти и рамномерен регионален развој, како и да се разгледаат можностите за финансирање од меѓународните донатори со посебен акцент на средства од ИПА фондовите, соопштуваат од прес-службата на МЖСПП.

На состанокот, како што се наведува во соопштението, се разговарало и за други активности и иницијативи кои општина Ѓорче Петров ги презема за заштита на животната средина, како и за можните начини за нивна реализација.

Треба да знаете
Последни објави