Search

Ќе се уништат прислушуваните материјали во сопственост на СЈО кои не се дел од судски процес

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот Закој за Јавно обвинителство кој ќе биде доставен идната недела до пратениците и со кој треба дефинитивно да се уреди иднината на СЈО, рече дека прислушуваните разговори кои не се дел од актуелни судски процеси или истражни постапки, ќе бидат уништени.

,,Освен оние што се веќе во суд, за сите други е јасно утврдена процедурата, тоа го пропишува и кривичниот законик, а тоа значи дека ќе бидат уништени. Таква е судбината на сите материјали прибавени со ПИМ “ -рече премиерот.

Треба да знаете
Последни објави