Search

„Ќе се сретнеме во следниот живот“ – Случајност или мистерија што ја поврзува актерката Ен Хатавеј со Шекспир

Оскаровката  Ен Хатавеј е една од напопуларните холивудски актерки позната по својот раскошен талент и необична убавина.

Од 2012 година, Ен Хатавеј е во брак со Адам Шулман кој е исто така актер. Тоа е убава љубовна приказна која крие и некои неверојатни детали што се на раб на реалноста, а некои луѓе дури ги натера да помислат и дека постои патување низ времето.

Еден детал посебно го привлекува вниманието – Ен Хатавеј се викала и љубовта на големиот писател Вилијам Шекспир. Тие биле во брак од 1582 до 1616, а шекспировите зборови „Ќе се сретнеме во следниот живот“ како да се оствариле во денешно време.

Актерката Ен Хатавеј го носи истото име како сопругата на Шекспир, а нејзиниот сопруг неверојатно многу наликува на славниот писател.

Името Ен Хатавеј кое и не е толку често и неверојатната сличност на Адам Шулман со Шекспир стана „случај“ кој со години ги инспирира “твитерџиите“, писателите, но и некои теоретичари на завери.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави