Search

Ќе се снима филм за капетан Том Мур

Животната приказна на поранешниот капетан на британската армија Том Мур ќе биде тема на голем нов филм, објави Би-би-си.

Британските компании „Фред Филмс“ и “Паудер кег пикчрс“ ги откупија правата за снимање.

Ветеранот од Втората светска војна се прослави за време на самоизолацијата кога собра 39 милиони фунти за Националната здравствена служба пешачејќи десетици кругови во неговата градина.

Тој го постигна овој подвиг кога се приближуваше до неговиот 100-ти роденден, и оттогаш беше означен како „национално богатство“, пренсеува британскиот јавен сервис.

А што се однесува до актерот кој би го глумел, духовитиот Мур рекол дека не познава 100-годишни актери, но сепак, негова желба е тоа да биде Мајкл Кејн или Ентони Хопкинс

Треба да знаете
Последни објави