Search

Ќе се проширува Програмата за наводнување на земјава

Владата денеска на седница го прифати предлогот за проширување на Програмата за наводнување на Северна Македонија.

-Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, да ја координира работата во врска со проширувањето на Програмата за наводнување на Република Северна Македонија преку обезбедување дополнителни средства од развојниот заем на Владата на СР Германија и КФВ банката, во насока на прифаќање на зголемениот развоен заем во износ од 80 милиони евра и грант средствата од 2,8 милиони евра, соопшти владината прес-служба.

Треба да знаете
Последни објави