Search

Ќе се зголемува платата во јавниот сектор во Германија

Германската влада постигна договор со синдикатите во јавниот сектор за платите, што вклучува околу 2,3 милиони работници во локалната и федералната администрација.Договорено е најниските плати да се зголемат за 4,5 проценти, а највисоките за 3,2 проценти, изјави синдикатот Верди.

Договорот, кој предвидува еднократен бонус до 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицинските сестри и вработените во домовите за стари лица, истекува на крајот на 2022 година. Според претставниците на синдикатот, вработените во здравствениот сектор особено заслужуваат зголемување поради нивната клучна улога во борбата против пандемијата.

Европската централна банка (ЕЦБ) внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија, за тие потенцијално да не ја загрозат планираната инфлација.

Треба да знаете
Последни објави