Search

Ќе му се суди на арамијата кој со велосипед ограбувал скопјанки

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

 

-Обвинетиот во текот на мај и јуни годинава сторил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Сторителот искористил исти прилики и околности и на дрзок начин одземал туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Движејќи се со велосипед, се приближувал до оштетените и на разминување со нив  им ги кинел од вратот златните ланчиња, по што веднаш се оддалечувал во непознат правец. Со поднесеното обвинение, обвинителството до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави