Search

Ќе му пресуди ли вибер комуникацијата на Груби за дивеењето на Шверцерите?

Вибер комуникација меѓу директорката на МНТ, Симона Угриновска и пратеникот на ДУИ, Артан Груби е во записникот на работната група која треба да ја утврди одговорноста за скандалот со навивачката група „Шверцери“ во МНТ, дознава „Плус Инфо“.

Иако Груби, како поранешен член на „Шверцери“ многумина го посочија како организатор на манифестацијата и се оградија од одговорноста, во извештајот кој го има Плус Инфо, никаде не се посочува кој е одговорен, туку само хронолошки се наведуваат случувањата од денот на прославата.

Груби веќе се огради дека тој е организатор, а за вандализмот на Шверцерите рече дека е прослава на навивачи каде што се очекува скандирање и пеење. Во одбрана на Шверцерите застанаа и лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Бујар Османи.

 

Треба да знаете
Последни објави