Search

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или ќе изгуби сè.

„Сметаме дека венецуелската војска игра одлучувачка улога во процесот на итна транцизија кон демократијата во земјата. Ако го изберете тој пат, ќе помогнете кон создавање сигурна и перспективна иднина за целиот народ во Венецуела. Вие можете да го изберете другиот пат и да продолжите да го поддржувате Мадуро“, рече Трамп говорејќи пред претставниците на венецуелската дијаспора во САД на Меѓународниот универзитет на Флорида.

Во спротивно, продолжи тој, нема да најдете ни азил, никој нема лесно да излезе, нема да има никаков пат назад. Ќе загубите сè,

Тој ја повика војската во земјата да го искористи предлогот на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, да го поддржат и да добијат амнестија за да продолжат да живеат мирно со своите семејства.

„Гваидо, како и ние, не целиме кон освета. Меѓутоа, вие не треба да ги извршувате наредбите на Мадуро, да ја блокирате хуманитарната помош, да се заканувате и вршите каква било форма на насилство кон мирните демонстранти, лидерите на опозицијата, членовите на Националното собрание, претседателот Гваидо“, нагласи Трамп во својот говор.

Треба да знаете
Последни објави