Search

Ќе го менуваме часовникот најмалку уште три години

Одлуката за укинување за промена на часовниците од зимско кон летно сметање на времето веројатно нема да биде донесена пред 2021 година, рече австрискиот министер за транспорт, Норберт Хофер.

Тој рече дека датумот за почеток на спроведување на одлуката ќе биде две години подоцна од датумот предложен од страна на Европската комисија, за да им се даде повеќе време на земјите-членки на ЕУ да се подготват.

Хофер пред почетокот на состанокот на министрите за транспорт на ЕУ, рече дека некои земји предупредуваат поради инсистирањето на итна промена, некои сектори нема да бидат во можност, како што се транспортниот, да се спроведат потребните мерки за приспособување.

“Ако ние инсистираме промената да се изврши веднаш, тоа ќе го загрози предлогот на Комисијата, а ние нема да бидеме во можност да ја запреме практиката на промена на часовниците”, предупреди Хофер.

Европската комисија предложи членките на ЕУ да ја укинат промената на времето од зимско кон летно сметање, по анкетата спроведена на интернет во земјите на ЕУ каде 84 отсто од испитаниците го поддржаа.

Сепак, земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент треба да ја одобрат конечната реформа, и тогаш земјите ќе одлучат дали да остане трајно времето во лето и во зима.

Треба да знаете
Последни објави