Голот го прослави со соблекување на дресот на Барселона и покажување на дресот на Њуелс Олд Бојс со бројот 10. Тоа е домашен клуб на Меси од родното Росарио, каде што започнал да тренира на 6-годишна возраст и каде остана до 13-та година и замина во Барселона. .

Меси тоа го сторил за да му оддаде почит на покојниот Диего Марадона. За многумина, најдобриот играч на сите времиња кон крајот на својата кариера одиграл една сезона за клубот на Меси.

Меси бил казнет заради неспортско однесување. Судијата Матеу Лахоз строго се придржуваше до правилата и законите. Во него јасно е наведено дека „отстранувањето дрес со цел прикажување на какво било рекламирање, парола, кратенка, анаграм, акроним или цртеж, без оглед на нивната содржина и целта на дејствието, е казниво, а сторителот ќе биде казнет со три илјади евра и предупредување“. ‘

Барселона ќе ја плати казната, но почитта на Меси кон Марадона исто така може да предизвика вистински комерцијален конфликт помеѓу Најк и Адидас. Имено, Најк е официјален спонзор на Барселона, и Адидас на аргентинскиот клуб.

Џермо Рикалдони, директор на We Are Sport, спортска маркетинг компанија, рече: “Тој не требаше да го стори тоа. Барем требаше да го покрие логото со нешто”.

„Можеше да има дрес на Аргентина под дресот на Барса, но заклучил дека дресот на Њуелс Олд Бојс сепак е нешто посебно”.