Search

Ќерката на Трамп на летување во Црна Гора плаќа со картичка и не остава бакшиш

Тифани Трамп (25), помладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп (73), со момчето летува во Црна Гора. Тие се сместени во најскапиот хотел „Регент” во Тиват. Деновите ги поминуваат главно во хотелот и во најдобрите црногорски ресторани, објави „Блиц”.

„Тифани и Мајкл ја закотвија јахтата во пристаништето, но тие речиси цело време се во хотелот и во околните кафулиња и ресторани. Наутро одат на појадок, или ако заспијат, во попладневните часови се гости на луксузниот ресторан во близина. Тифани сака морска храна, додека нејзиното момче најчесто јаде салата. Пијат пијалаци кои најмногу се согласуваат со оброците и често јадат десерт“ им раскажа на српските медиуми еден келнер од ресторан во Црна Гора, каде што Тифани и Мајкл јаделе.

Меѓутоа, кога ќе дојде сметката, вели тој,  Тифани и Мајкл ги плаќаат своите оброци исклучиво со кредитни картички и не оставаат бакшиш.

Треба да знаете
Последни објави