Search

Ќерката на Бијонсе освои награда за песната што ја напиша за својата мајка

Блу Ајви Картер (7), ќерка на пејачката Бијонсе (38) и Џеј Зи (49), ја освои својата прва награда Soul Train, за време на доделувањето на наградите во Лас Вегас, пренесува „Дејли мејл“.

Таа ја освои наградата за песната што ја напиша за својата мајка, „Brown Skin Girl“, која им ја посвети на жените со потемна кожа. Песната победи пет ривали, а корисниците на „Твитер“ ѝ честитаа на младата дама за освојувањето на наградата, која ја сподели со мама и тато.

„Седумгодишното девојче навистина успеа“ е еден од коментарите. Бијонсе и Џеј Зи се родители и на двегодишните близнаци Сер и Руми.

Треба да знаете
Последни објави