Search

„Њујорк тајмс” смени наслов на текст за Трамп по критики од читателите

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп по масакрите во Тексас и во Охајо, при што загинаа 31 човек во рок од 13 часа, му предизвика проблеми на весникот „Њујорк тајмс”.

Весникот во второто издание го смени насловот откако добил бројни критики од читатели поради спротивставените и неубедливи ставови на Трамп.

 

„Њујорк тајмс” на насловна страница објави текст во кој ги критикува ставовите на претседателот за контрола на оружјето под наслов „Трамп повикува на единство наспроти расизмот”.

Но, аналитичарите неговиот говор го оценија како слаб и неубедлив, критикувајќи го дека нема ниту една важна одлука, која би се однесувала на построги контроли при продажба и користење на оружје. Трамп во говорот наведе дека „менталните нарушувања и омразата го повлекуваат орозот, а не оружјето”.

Трамп неколку часа пред говорот на Твитер ги обвини медиумите дека шират лажни вести поттикнуваат атмосфера на гнев.

Трамп беше критикуван и поради тоа што на еден од градовите во кои се случи масакр му го погреши името и го нарече Толедо.

„Њујорк тајмс” ја објави насловната страница на Твитер и откако аналитичарите и читателите реагираа, нагласувајќи дека ќе ја откажат претплатата, беше сменет насловот – „Да се нападне омразата, но не и оружјето”.

Треба да знаете
Последни објави