Search

Њујорк станува најголемо жариште на коронавирус во светот

Еден од илјада њујорчани веќе е заразен, што значи дека вирусот се шири побрзо отколку во Италија и Иран.

Градот Њујорк е новиот епицентар на зараза на коронавирус затоа што една третина од позитивните се регистрирани во САД, а вирусот, од кој починале повеќе од 16.500 луѓе низ целиот свет, се шири пет пати побрзо отколку во другите делови на земјата.

Еден од илјада жители во градот е веќе заразен, рече координаторката на Работната група за борба против Коронавирус, д-р Дебора Брикс.

Густината на населението е еден од најголемите проблеми во градот во моментот, пишува „Њујорк тајмс“, додавајќи дека во Њујорк веќе процентот на заразени е поголем отколку во Италија.

Причината е градскиот превоз и гужвите во него, крајно посетените јавни паркови.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, им нареди на болниците веднаш да го зголемат капацитетот за прием на заразените лица за 50 проценти.

Само во понеделник, беа пријавени уште 5.000 случаи, со што се зголеми бројот на заразени на 21.689 во поширокото подрачје, додека 13.119 во самиот град.

Ноќта, од Ковид-19 починаа 125 луѓе.

Претседателот на Соединетите држави нареди испраќање на голем контингент на средства за заштоита против коронавирус (маски, нараквици, средства за дезинфекција) и најави дека научните лаборатории во Њујорк ќе работат забрзано за да изнајдат решение.

Тој изрази оптимизам за ефикасноста на комбинацијата од лек за маларија и антибиотици, што се покажа успешна на други места во светот.

Градоначалникот Бил де Блазио ги затвори училиштата во Њујорк на 15 март по голем притисок, а сега изјави дека не треба да се очекува учениците и студентите да се вратат во зградите пред 20 април. Организираана е онлајн настава.

Засега нема ограничувања во движењето на жителите во градот, но на сите им се советува да останат дома.

Рестораните и баровите не примаат гости, тие само доставуваат храна, пренесува РТС.

Треба да знаете
Последни објави