Search

Њујорк размислува да им забрани на заразените од морбили да излегуваат од дома

Властите во Њујорк и предградието Рокленд најавија нови мерки во борбата против ширењето на морбили.

Властите имаат проблеми со епидемијата во екстремно ортодоксните еврејски населби, наведува „АП“, додавајќи дека тие се борат и со обвиненија поради обидите за воведат задолжителна вакцинација.

Како мерка се планира на заболените од малите сипаници да им се нареди да не излегуваат од дома, а Советот за јавно здравје од Њујорк размислува денеска дали ќе ја продолжи наредбата со која вакцинацијата во делови од Бруклин е задолжителна.

Во Њујорк во октомври беа забележани 329 случаи на мали сипаници, додека во Рокленд се регистрирани 186 потврдени случаи.

Треба да знаете
Последни објави